Почетна » Новости » Промо » Бесплатно повлекување готовина со дебитните картички од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Бесплатно повлекување готовина со дебитните картички од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Како резултат на проширувањето на Шпаркасе Групацијата во Република Северна Македонија, со почетокот на новата година е воведена и нова поволност за клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија.

Од 2 јануари 2020 година, клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија можат да ја користат проширената мрежа на двете банки составена од околу 120 банкомати во Република Северна Македонија, на кои ќе можат да повлекуваат готовина без провизија со дебитните картички!

Охридска банка и Шпаркасе Банка

Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 49 штедни банки, е една од најсилните банкарски групации во Европа и со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан е доверлив партнер за клиентите во Република Северна Македонија. Клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија можат БЕЗ ПРОВИЗИЈА да повлекуваат средства со дебитните картички од брендовите VISA и Mastercard и од банкоматите на банките во Шпаркасе и Ерсте Групацијата: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија).

Локациите на банкоматите на Охридска банка се достапни на следниот линк, додека пак локациите на банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија се достапни на овој линк. Информацијата е достапна и преку апликациите за мобилно и електронско банкарство на двете банки.

Оваа новина е една од многуте поволности што ќе ги почувствуваат клиентите со окрупнувањето на австриската Шпаркасе Групација во Република Северна Македонија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.