Почетна » Новости » Промо » Thrivity: Секој заслужува добра работа!

Thrivity: Секој заслужува добра работа!

Од денес започна со функционирање http://www.thrivity.mk првата алатка за пребарување (Search engine) за луѓето кои бараат работа и за компаниите кои вработуваат.

Под слоганот „Заслужуваш добра работа“ овој иновативен концепт значително ќе го подобри стандардниот процес на барање на работа и наоѓање кандидати за работа, обезбедувајќи знаење за двете страни земајќи ги предвид потребните бихевиорални компетенции и квалификации за секоја работна позиција.

Тривити ќе ги поттикнува луѓето и компаниите на едноставен начин да приоѓаат кон процесот на барање работа и вработувања. На тој начин, покрај егзистенцијалните придобивки, им се нудат и можности за професионален раст и развој, креирајќи успех.

thrivity

Овој пребарувач нуди иновативен концепт кој значително ќе го подобри стандардниот процес на барање работа и на наоѓање кандидати за работа затоа што поттикнува отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд на кој компетенциите и квалификациите се патот до работно место.

„Уверени сме дека компаниите во Македонија за кратко време ќе ги препознаат вредностите на „Тривити“ и ќе станат дел од нашата платформа, односно лицата кои се амбициозни и кои посакуваат работа според своите способности, знаења и компетенции, ќе пополнат лични профили и спојувањето ќе започне. Наша искрена цел е да ги инспирираме лицата да ја пронајдат работата според својот потенцијал, а компаниите да добијат високо мотивирани и ангажирани вработени кои ќе ја сакаат својата работа“ - изјави Поликарп Арсеновски од компанијата АПОД која е носител на овој проект.

Тривити претставува синергија на модерната технологија и на искуствата во областа управување со човечки капитал, како и со процесот на претселекција и селекција, а со фокус на бихевиорални компетенции.

Производот е резултат на стратешко партнерство меѓу тимовите на АПОД, консултантска фирма во областа на управување со човечки капитал, и на ХАСЕЛТ, една од најиновативните македонски ИТ компании, која несебично покажа интерес уште од првиот разговор и активно се вклучи во развојот на Тривити.

thrivity

Како работи Тривити?

Тривити е платформа за спојување каде луѓето (индивидуалните профили), од една страна, и компаниите, од друга страна, ќе креираат свои профили користејќи однапред дефинирани критериуми.

Кога компанијата ќе објави оглас, THRIVITYќе започне со пребарување и ќе ги идентификува потребите наведени во огласот, ќе ги поврзе со потенцијалните профили/луѓе и, во реално време, ќе ѝ испрати листа на потенцијални кандидати на компанијата.

Листата што ќе ја добие компанијата е целосно анонимна, односно компанијата не е во можност да ја види професионалната биографија на кандидатот.

Ако сака да пристапи на некој од предложените профили, компанијата ќе испрати барање за контакт, а потоа кандидатот (индивидуалниот профил) има можност да го прифати или да го одбие барањето.

Во целиот процес кандидатот има комплетен увид на компанискиот профил и на огласот којшто е објавен. Професионалната биографија на кандидатот ќе биде видлива за компанијата само ако тој/таа го прифати барањето за контакт.

Како поддршка на платформата, тимот на „Тривити“ го става на располагање целото свое искуство и знаење во областа за консалтинг и поддршка преку кариерен центар, кој ќе функционира како посебен сектор во нејзини рамки. „Кариерниот центар Тривити“е наменет за лицата кои бараат работа, размислуваат за промeна на работното место или за развој на нивната кариера.Користењето на услугите на кариерниот центар е целосно бесплатно и со него „Тривити“ дава придонес кон професионалниот развој на секој поединец.

Платформата „Тривити“ е поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.