Почетна » Новости » Промо » Kviki Choco #LOLs: Топчињата се повторно во мода

Kviki Choco #LOLs: Топчињата се повторно во мода

Фудбалски, тениски, шарени... на облека, во игрици, во пораки на Вибер... топчињата едноставно ги обожаваме, а особено ако се чоколадни како новите Kviki CHOCO #LOLs!

Топчињата се секаде околу нас, од оние спортските, па се до оние во „Сandy Crush“сагата. Шарени се, весели и само да ги погледнеме, тоа веднаш не развеселува. Замислете едноставно да можете да уживате во волшебството од вкусни топчиња со вистински распоред на вкусови баш за секоја прилика. Од сега можете бидејќи ни пристигнаа Kviki CHOCO #LOLs дури во пет неодоливи вкусови! Ние веќе знаеме кој CHOCO #LOLs одговара за која пригода.

ЧОКО ПОРТОКАЛ ЗА ЕНЕРГИЈА

Kviki Choko Lols

После напорниот тренинг, секогаш ви доаѓа да изедете нешто слатко и токму на тој начин да се наградите за добро сработената работа. Тогаш во приказната доаѓаат највкусните топчиња до сега, Kviki CHOCO #LOLsсо портокал. Топчињата обвиткани со млечно чоколадо и со вкус на портокал за минута ќе ви ја вратат изгубената енергија и веќе сте подготвени за нов тренинг или пак за читање на лектири.

ОВОШЈЕ ЗА ЉУБОВ

Kviki Choko Lols Kviki Choko Lols

Кога ќе дојде времето за вашиот прв љубовен состанок, сигурно дека ќе ви треба нешто за поголема храброст! Нешто слатко и овошно да ви ја убие тремата бидејќи конечно ќе се најдете со него очи в очи. Доколку немате многу време за бирање, најдобро ќе биде да ги грабнете двата овошни вкусови Kviki CHOCO #LOLs со вкус на малина или јагода. Двете варијанти доаѓаат во облик на фини топчиња од бело чоколадо во кои се крие рапсодија од највкусните парченца овошје! А кога на крајот од состанокот ќе ве прашаат која е вашата тајна, слободно подарете му една ќесичка овошни Kviki CHOCO #LOLs, бидејќи знаете како се вели: Љубовта патува низ желудникот.

КОКОС ЗА ДОБРА НОЌ

Kviki Choko Lols

После успешниот ден, време е за опуштање пред спиење. Сите знаеме дека ќе завршиме в кревет, со мобилниот телефон в рака, прегледувајќи ги најновите постови на пријателите на Фејсбук и на Инстаграм. Додека гледате што објавуваат вашите пријатели и што актуелно објавуваат вашите идоли, почастете се со зготична слатка закуска. Kviki CHOCO #LOLsод кокос ќе ве воодушеви на прво топче, а комбинацијата со бело чоколадо и дури 7% кокос ќе ве однесе дури во најегзотичните соништа.

МЛЕЧНО ЧОКОЛАДО ЗА ОПУШТАЊЕ!

Kviki Choko Lols

Откако ќе се вратите дома од школо, малку кулирање со лап топот во скут и гледање на омилената серија или видеа на Youtube добро ќе ви дојде. O да, тогаш сигурно ќе посакате да грицнете нешто навистина добро, но не сте сигурни дали тоа да благо или солено: одличен избор е Kviki CHOCO #LOLs од млечно чоколадо! Овие фини крцкави топчиња содржат дури 80% чоколадо кое се топи в уста, а совршено се соединува со крцкавите класични Квики. Мњами!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.