Почетна » Новости » Актуелно » Филипче: 25 нови заболени со коронавирус, 5 излекувани, почина 65-годишна жена

Филипче: 25 нови заболени со коронавирус, 5 излекувани, почина 65-годишна жена

Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на коронавирус во земјата. Со тоа, вкупниот број на заболени со КОВИД-19 достигна 354.

Според местото на живеење, новозаболените се од Скопје (7), Куманово (7), Тетово (5), Прилеп (2), Струга (2), Гевгелија (1) и Кочани (1).

Коронавирус

За жал, уште една пациентка го изгуби животот. Станува збор за 65-годишна жена од околината на Струга со претходни заболувања на белите дробови, дијабетес, зголемен крвен притисок и хронична болест на срцето.

Од клиниката за инфективни болести денеска испишани се 5 пациенти, кај кои два контролни теста биле негативни.

На пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга посмртно ѝ е земен брис, а истиот е позитивен на КОВИД-19.

Вкупниот број на тестирања направени во нашата држава е 3.775.

Хоспитализирани се вкупно 59 лица од кои 12 се со потешка клиничка слика. Пет лица се поставени на механичка вентилација.

Досега, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 183
  • Куманово – 54
  • Дебар – 47
  • Штип – 15
  • Прилеп – 12
  • Тетово -13
  • Струга – 9
  • Велес – 6
  • Битола – 4
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 1
  • Гевгелија – 2
  • Струмица- 1
  • Крива Паланка – 1
  • Кочани – 1

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.