Почетна » Новости » Актуелно » Уште поубава дрогерија на старо место: dm ја отвора реновираната дрогерија во ТЦ Штип City Mall!

Уште поубава дрогерија на старо место: dm ја отвора реновираната дрогерија во ТЦ Штип City Mall!

Повеќе од еден месец по затворањето на dm дрогеријата во ТЦ Штип City Mall заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 8 мај повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на ул. Д.р Слободан Јовановски 2 во склоп на ТЦ Штип City Mall.

Оваа дрогерија беше затворена кон крајот на месец март, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

dm

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:

★-15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ

Со секоја сметка над 500 денари ПОДАРОК гел за туширање од Balea;

Со секоја сметка над 700 денари ПОДАРОК торба;

Со секоја сметка над 1.999 денари ПОДАРОК чадор.

Покрај попустот од -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае 4 дена (8.5 – 11.5.2025), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.

Како и на секое отворање и реотворање на dm, така и сега, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип.

Подгответе ги списоците за пазарување и посетете ја разубавената dm дрогерија на 8 мај!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25406 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.