Почетна » Новости » Актуелно » Уште една жртва на 13-годишниот Коста од Белград: Девојче почина по 12 дена борба за живот

Уште една жртва на 13-годишниот Коста од Белград: Девојче почина по 12 дена борба за живот

Девојче, кое се здоби со тешки повреди на главата во масакрот во Белград, почина утрово во болница. Таа е десеттата жртва на 13-годишниот Коста, кој на 3 мај безмилосно уби 9 лица и рани уште шест други во ОУ „Владислав Рибникар“.

И покрај натчовечките напори на лекарите и хируршката интервенција, А.А. им подлегна на повредите по 12 дена борба за живот во Универзитетската детска клиника.

Коста

Пациентката била одведена во клиниката со тешки повреди на главата, кои биле опасни по живот.

Масакрот се случи кога малолетникот К.К со оружје на неговиот татко влегол во училиштето и безмилосно усмртил 9 лица (7 ученички, 1 ученик и припадник на обезбедувањето). Српските власти објавија дека убиецот подолго време го планирал нападот и дека имал детален список од врсниците кои сакал да ги убие.

Коста

Таткото на Коста се наоѓа во притвор и деновиве се прошири вест дека тој се обидел да се самоубие, но од управата на затворот ги отфрлија ваквите вести и изјавија дека тој ниту еднаш не ги прекршил правилата на куќниот ред.

Коста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11248 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.