Со непосредноста и харизмата ни ги покоруваше срцата, со хуманоста ни ги грееше душите, со песните молскавично нè шармираше, а со препознатливиот глас секогаш нè поздравуваше со „Ве сакам сите“... Иако физички не е на овој свет, единствениот Тоше Проески засекогаш ќе остане меѓу нас, како наша македонска икона!

Пред 40 години се роди машко бебе со име Тодор, кое ние го запознавме и засакавме како ТОШЕ и го нарекуваме наш херој, наш ангел, наш амбасадор во светот.
Стих по стих, песна по песна, насмевка по насмевка, интервју по интервју, извонредниот музичар освојуваше сè повеќе и повеќе обожаватели, најпрво низ Македонија, па низ Балканот, а потоа и низ светот. Веројатно со неспорниот талент ќе одекнеше насекаде доколку не беше прерано прекината неговата животна приказна.
“
Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.
На денот кога Тоше ќе го славеше 40-тиот роденден, да го оживееме споменот за него преку милозвучните песни и настапи кои ни ги подари како вечен потсетник за неговата уникатност: