Почетна » Новости » Актуелно » Тамара Тодевска: 5 причини зошто го обожувам новиот Galaxy S22 Ultra 5G

Тамара Тодевска: 5 причини зошто го обожувам новиот Galaxy S22 Ultra 5G

Сигурно сте ги забележале совршено чистите фотографии кои нашата кралица на музиката често ги објавува на социјалните мрежи. Без разлика дали станува збор за „story“ на Инстаграм, фотографија од најмилите или во секојдневните активности, Samsung Galaxy S22 Ultra 5G е верен сопатник на Тамара во поглед, или што би рекла таа „ех, кога само би можел да зборува!“

Несомнено целата серија Galaxy S22 Ultra 5G е посебна по многу нешта, од перформанси, до изглед и дизајн, буквално се вклопува во вкусот дури и на оние со најизострен вкус за естетика и технологија. Бројните опции и бесконечните можности за поттикнување на креативноста го прават Galaxy S22 Ultra 5G посебен во секој поглед. „S22 Ultra го користам и кога ќе се сетам на некоја идеја, за нова песна, музика, проект... Знам веднаш да запишам во notes и подоцна таа идеја да ја развивам со моите соработници“ - вели Тамара.

Тамара Тодевска

Прв избор за неуморните креативци

Galaxy S22 Ultra 5G е дизајниран да обезбеди најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзат и споделуваат содржина каде и да се. Сега со напредните функции за ноќно фотографирање и снимање на овој телефон ви дава можност да правите јасни видеа и фотографии како со предната, така и со задната камера, без разлика дали снимате во текот на денот или ноќта, додека надградените Super Clear Glass леќи ќе ви помогнат да направите поубави и појасни ноќни видеа без отсјај. S22 Ultra 5G има и пиксел сензор од 2,4um – најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега, што им овозможува на леќите на камерата да снимаат повеќе светлина и објекти, како и да ја оптимизираат осветленоста и деталите на вашите видеа. Adaptive Pixel се менува помеѓу режимот со висока резолуција од 108 MP и режимот со висока чувствителност од 12 MP зад сцената за да овозможи посветли и појасни фотографии, се здружува со интелигентниот Detail Enhancer за да ги приспособи сенките и светлата за длабочина. Интелигентната технологија ќе го отстрани шумот во секој кадар за да добиете висококвалитетни, живописни снимки во секое опкружување, подготвени за Instagram, TikTok и многу повеќе! Токму камерата е една од омилените причини зошто S22 Ultra 5G e вистинскиот избор за Тамара: „Првата работа дефинитивно е камерата, која е одлична, овозможува фотографии со висок квалитет и навистина придонесува сите убави моменти да бидат забележани и трајно да бидат дел од мојата меморија, како телефонска, така и животна.“

Тамара Тодевска

Батерија која може да ги издржи и најзафатените денови

Благодарение на Galaxy S22 Ultra 5G не мора повеќе да се грижите дека батеријата ќе ви се испразни баш во оној момент кога ви е најпотребна. Подобрената AI ја пренесува моќноста од 5000 mAh (типична) од еден ден во друг приспособувајќи се на начинот на кој го користите телефонот. Накратко кажано – ја чува батеријата за кога ќе ви биде најпотребна! Што велите за Безжичен PowerShare? Со сета моќност на батеријата, можете и многу да споделите. Наполнете ја батеријата на вашите колеги или пријатели или безжично наполнете ги слушалките кога сте во движење. Практично и фукнционално! „Имам навистина активни денови и не секогаш имам можност да ја дополнам батеријата, но Samsung S22 Ultra навистина е издржлив и не ме остава на цедило. Знам да излезам наутро, да одам на вежбање, потоа следат состаноци, па да ги земам децата од училиште, градинка, да одиме на детски роденден и да дојдам дома дури вечерта. Но, батеријата сѐ уште трае. И тоа навистина ми е важно“ - вели Тамара.

Самсунг

Дизјан кој нема да ве остави рамнодушни

Galaxy S22 Ultra 5G е заштитен со оклопна алуминиумска рамка и Gorilla Glass Victus+ на задната страна, а сепак е лесен и пријатен на рака. Samsung Galaxy S22 Ultra е едноставен, но во исто време фасцинантен. Острите, квадратни агли, пленат со строгост и елеганција. Целокупниот изглед е минималистички и елегантен. Совршен за вашата бизнис комбинација. Плус, 6,8-инчниот дисплеј е нежно заоблен, така што додава одредена естетска привлечност без да доведе до случајно притискање на екранот. Конечно, проблемот со случајно притискање на екранот кога во рака носите торба за лаптоп, чанта и телефон е решен! Бојата на телефонот е подеднакво важна кога одбирате нов уред. Токму затоа S22 Ultra 5G доаѓа во четири бои - смели темноцрвени или зелени тонови за оние со авантуристички дух и суптилно фантомската бела или фантомската црна боја за оние кои преферираат неутралност „Одличен изглед! Навистина е врвно дизајниран, прилагодлив, а сепак уникатен. Samsung S22 5G е за сите генерации.“

Самсунг

Меморија за сите ваши спомени

Толку голем простор за креативност - кога може да снимаш чисти слики дење и ноќе, галеријата брзо се полни. Нека секој кадар ти биде при рака со вградената меморија до 1 GB! Синхронизирај ја Галеријата со OneDrive и уживај во 6-месечно складирање на облак од 100 GB на OneDrive со серијата Galaxy S22 Ultra 5G. За детали, посетете ја страницата https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022/.

Самсунг

За луѓе кои знаат да препознаат квалитет

„Samsung е докажан, етаблиран бренд и секоја нова серија на мобилен телефон ја надминува претходната. Знам дека моите фанови, сите кои ја слушаат мојата, но и македонската музика (генерално) се луѓе кои знаат да препознаат квалитет, успех и издржливост. А, можеби овие три зборови се синоними за S22 Ultra 5G. Затоа е мојата топла и искрена препорака за да го имаат овој телефон и да споделуваат убави и среќни моменти“ - вели Тамара.

Повеќе информации за производот може да најдете на:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11380 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.