Почетна » Новости » Актуелно » Состојба во Македонија: 26 нови случаи, 3 оздравени и 4 починати од коронавирус

Состојба во Македонија: 26 нови случаи, 3 оздравени и 4 починати од коронавирус

Во изминативе 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во нашата држава со што вкупниот број на лица позитивни на КОВИД-19 достигна до 854.

Според местото на живеење, новозаболените се од Скопје (4), Куманово (11), Прилеп (3), Тетово (4), Велес (2), Кочани (1) и Пробиштип (1).

Коронавирус

Денеска во Штип има 3 оздравени пациенти, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти – пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет – 13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања.

Коронавирус

Досега, лица заразени со новиот коронавирус има во:

  • Скопје – 316
  • Куманово – 211
  • Дебар – 49
  • Штип – 27
  • Прилеп – 75
  • Тетово – 37
  • Струга – 43
  • Велес – 32
  • Битола – 9
  • Охрид – 4
  • Кавадарци – 3
  • Гостивар – 8
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 3
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 22
  • Пробиштип – 2

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.