Мише Цвејевски, сопственикот на познатите скопски фаст-фуд сендвичари „Bаking Bread“, доби многу пофалби за гест кон негов вработен.
Имено, тој на необичен начин му се заблагодари на долгогодишниот лојален работник Антонио Атанасовски со тоа што на подарок му даде ни помалку, ни повеќе туку автомобил.
На социјалните мрежи вирано се проширија фотографии на кои Антонио позира со новото превозно средство, а Мише за него напиша:
„Шупе не е само дел од Baking Bread, Шупе е дел од приказната.
Од почетокот, кога немавме ништо, до денес кога стоиме позади нешто големо.
Гинеше со мене кога беше најтешко.
За ништо никогаш не ме одби и не кажа не.
Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата.
Некогаш е Шупелка и ме нервира, ама тоа е нормално.
Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга.
Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread.
За тоа што поминавме, и за тоа што следи.“
Постот за кратко време предизвика лавина од позитивни коментари и честитки.
