Почетна » Новости » Актуелно » Со 529 тестови потврдени се 63 позитивни на коронавирус, а има и 13 смртни случаи

Со 529 тестови потврдени се 63 позитивни на коронавирус, а има и 13 смртни случаи

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 529 тестирања, а има 63 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 42
  • Куманово 3
  • Тетово 2
  • Прилеп 2
  • Гостивар 1
  • Штип 1
  • Битола 1
  • Велес 2
  • Охрид 1
  • Струмица 2
  • Кавадарци 1
  • Неготино 1
  • Виница 1
  • Пробиштип 2
  • Крушево 1
коронавирус податоци

Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од:

  • Скопје 101
  • Штип 7
  • Битола 4
  • Охрид 22
  • Кавадарци 9
  • Струга 4
  • Кочани 4
  • Неготино 5
  • Дебар 7
  • Крива Паланка 3
  • Ресен 2
  • Радовиш 1
  • Берово 3
  • Пробиштип 2
  • Демир Капија 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.992, бројката на оздравени пациенти е 73.777, на починати е 2.715, а бројот на активни случаи изнесува 12.500.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8894 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.