Почетна » Новости » Актуелно » Смела и самоуверена: Инспиративен модел со протетичка нога во фустан со шлиц во Венеција

Смела и самоуверена: Инспиративен модел со протетичка нога во фустан со шлиц во Венеција

Нина Рима инспира со силата и храброста да живее со полни гради и покрај тешкотиите со кои се соочи во животот.

23-годишната Италијанка ја изгуби својата лева нога пред шест години, како последица на сообраќајна несреќа, а сега самоуверено зачекори на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција.

Шармантниот модел, кој на Instagram има 113 илјади следбеници, носеше црн фустан со висок шлиц и блескави сандали во сребрена боја. Таа гордо ја покажа својата протетичка нога пред присутните.

Нина Рима Нина Рима Нина Рима Нина Рима

„Мојата приказна е приказна за девојче кое имаше совршено детство, но кое многу брзо мораше да се соочи со реалноста и кое сфати дека совршенство не постои. Кога имав 13 години, морав да научам да се извлекувам од проблемите, додека на 17-годишна возраст имав сообраќајна несреќа во која за малку ќе го изгубев животот. Сфатив дека не само што не постои совршено семејство, туку дека не постои совршенство ни во убавината“ – вели Нина, која била напуштена од родителите и на 13 години била испратена да живее со својата тетка.

Нина Рима Нина Рима

Благодарение на поддршката и охрабрувањето од сестра ѝ, Нина одлучила да ја споделува својата приказна на социјалните мрежи и да мотивира други девојки кои се наоѓаат во слични ситуации.

„Сестра ми ми ја покажа Паола Антонини, прекрасен модел од Бразил, која исто така има ампутирана нога. На социјалните мрежи, таа го споделуваше својот сосем нормален живот без нога и имаше одлични искуства кои ми вдахнаа сила. Па си реков себеси дека и јас можам да го правам тоа. Моите следбеници најпрво ми пишуваа пораки за да ме охрабрат да не се откажувам, а сега ми кажуваат колку моите приказни се позитвни и им даваат сила“ – објаснила Рима.

Нина Рима Нина Рима Нина Рима Нина Рима Нина Рима

Нина и нејзиниот партнер имаат една ќеркичка.

Нина Рима Нина Рима

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.