Почетна » Новости » Занимливости » Instagram ѕвезда со ампутирана нога меѓу највлијателните личности на интернет според Forbes Brasil

Instagram ѕвезда со ампутирана нога меѓу највлијателните личности на интернет според Forbes Brasil

Бразилскиот Forbes ја смести убавата Паола Антонини меѓу највлијателните дигитални инфлуенсери за годината која измина. И тоа не е изненадување ако се земе предвид фактот дека девојката со ампутирана нога секојдневно инспирира речиси 1,5 милион следбеници.

Паола Антонини

Привлечната Бразилка не дозволува хендикепот да ја спречи во намерата да има нормален живот и да биде модел и таа постојано гордо ја покажува својата протеза. Антонини чекори на модни писти, плива, танцува и вежба во фитнес сала со само еден долен екстремитет, а постојано привлекува следбеници благодарение на широката насмевка и позитивните пораки кои ги испраќа на социјалните мрежи.

Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини

22-годишната девојка ја изгубила едната нога во 2014 година како последица на сообраќајна несреќа предизвикана од жена која возела под дејство на алкохол.

По ампутацијата на ногата, на Паола ѝ било тешко да го прифати својот нов изглед, но полека, полека, таа научила да се сака себеси онаква каква што е. Сега, нејзина мисија е да ги инспирира лицата кои се во слична ситуација.

„Секогаш се обидувам да покажам дека треба да се прифаќаме онакви какви што сме, бидејќи секој е убав на свој начин. Важно е да се срушат стандардите. На светот им се потребни повеќе искрени личности, бидејќи никој не е совршен. По несреќата, научив да го ценам она што е навистина важно. Треба да гледаме на секој ден како да ни е последен“ – смета Антонини.

„Сакам да им бидам пример на други лица со ампутирани екстремитети“ – вели таа.

Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини

Forbes и неговите регионални изданија секоја година составуваат листи со 600 влијателни личности во бизнисот и индустријата, наречени Forbes 30 Under 30. Избраните личности се сместени во 20 категории. Антонини оваа година беше меѓу 30 личности избрани во категоријата „Дигитални инфлуенсери“.

Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.