Почетна » Новости » Актуелно » СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак

СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак

СКОПСКО ja претстави новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување.

Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност

„Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд – СКОПСКО, ја започнуваме долгорочната платформа „Наша гордост. Наша одговорност.“, која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има - да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја.“ – изјави Горан Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје, истакнувајќи дека овој проект целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржливост согласно платформата Свет без отпад до 2030 година, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.

Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност

„Една од клучните мисии во заштитата на животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад со што еднаш за секогаш ќе го решиме проблемот на расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика на големото природно и културно богатство со кое оваа држава изобилува. Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секој отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје.“ - изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност

„Сакаме да потенцираме дека рециклирањето е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме, а со селекцијата и рециклирањето на отпадот најбрзо и најлесно може да придонесеме како индивидуи кон спас на нашата земја и планетата. Навистина сме горди што Пакомак е дел од овој проект, прв од многуте проекти кои ќе бидат инспирирани од визијата за позелена иднина. И како што вели нашиот слоган, би ги повикал граѓаните и компаниите да Селектираат Иднина и да нѐ поддржат во оваа наша заложба.“ – изјави извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.

Првата фаза на реализација на целите на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ , опфаќа повеќе активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин. Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.

За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост - Охридското Езеро.

Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност Наша гордост. Наша одговорност

Во годините кои следат Скопско ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.