Почетна » Новости » Актуелно » „Сестри“ е првиот македонски филм што ќе се прикажува на Netflix

„Сестри“ е првиот македонски филм што ќе се прикажува на Netflix

Од утре, на Netflix ќе може да се гледа „Сестри“ на младата режисерка Дина Дума.

Ова е првиот македонски филм што ќе се прикажува на популарната платформа за стримување. Филмското остварување на Дума премиерно беше прикажано изминатиот август на Филмскиот фестивал Карлови Вари, а македонската премиера беше на „Браќа Манаки“ во Битола.

„Сестри“ е национален кандидат за наградата Оскар за Најдобар интернационален филм.

Сестри

Филмот е приказна за две млади девојки, средношколки, кои се нераздвојни. Но, нивното пријателство ќе биде доведено во прашање кога ќе постираат експлицитно видео на јавни мрежи од тинејџерски секс среде школски тоалет.

„Сестри“ е првиот долгометражен филм на Дина Дума, а нејзиното дело почнува да се гради по успешните краткометражни филмови: „Без љубов“ (2018), „Тие доаѓаат од центарот на светот“ (2017), „Елена“ (2016), „Враќање“ (2014), „In Absentia“ (2013). Таа е една од деветте жени кои ја обележаа 2021 во македонската филмска индустрија.

Сестри

Трејлер за „Сестри“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.