Почетна » Новости » Актуелно » Сестрата Дора, Весна Петрушевска, Тони Цетински... Емотивни пораки на роденденот на Тоше Проески

Сестрата Дора, Весна Петрушевска, Тони Цетински... Емотивни пораки на роденденот на Тоше Проески

Доколку не се случеше трагичната несреќа, денес Тоше Проески ќе го славеше 42-риот роденден.

Тагата не стивнува, болката останува, а емоциите виреат секој 25 јануари.

Блиските личности на нашиот ангел со емотивни пораки го одбележуваат овој ден.

Неговата сестра Дора Проеска, Весна Петрушевска и Тони Цетински споделија постови во негова чест.

Дора објави фотографија од торта за Тоше и негова фотографија. „Секој твој роденден Тоше е наша воздишка“ – пишува на тортата.

„Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми, немаше да престанеш да пееш... Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка, таа беше љубовна, животна приказна... Таа насмевка гласна која го исполнуваше просторот во кој си шушкавме за работи кои само ние си ги знаевме... и ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце... таа топлина која ја имаше во себе... тоа ми фали“ – напиша Петрушевска.

„Среќно братко мој таму некаде. Анѓелски роденден“ – напиша Цетински.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11450 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.