Почетна » Новости » Актуелно » Серена Вилијамс со ќеркичката позираше за „Вог“, сподели дека се пензионира од тенисот и дека планира второ дете

Серена Вилијамс со ќеркичката позираше за „Вог“, сподели дека се пензионира од тенисот и дека планира второ дете

Серена Вилијамс го изненади спортскиот свет со одлуката да се пензионира од тенисот. 40-годишната тениска легенда со малата ќерка позираше за „Вог“, а во интервјуто ја образложи одлуката да се повлече од професионалниот тенис и ја истакна желбата со нејзиниот сопруг Алексис Оханијан да имаат второ дете.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс

„Во изминатава година, со Алексис се обидуваме да имаме второ дете. Добивме информација од мојот доктор која ме опушти и поради која се чувствувам сигурнo дека кога ќе сме подготвени, ќе можеме да го прошириме нашето семејство“ – изјави Серена.

За разлика од првата бременост со ќерката Олимпија, таа е решена овој пат нештата да бидат поинакви. „Дефинитивно не би сакала да бидам повторно бремена како атлет“ – споделува таа и потенцира дека била два месеца бремена кога го освои Australian Open во 2017, а и периодот по породувањето не ѝ бил воопшто лесен.

„Од царски рез и пулмонарен емболизам се вратив на гренд слем финале. Играв додека доев. Играв додека поминував низ постпородилна депресија“ – посочува таа за модната библија.

Една од најуспешните тенисерки на светот, со освоени 23 гренд слем титули објави дека се повлекува од тенисот, а нејзиниот настап на US Open ќе биде последниот обид да освои уште еден турнир.

„Не го сакам зборот ‘пензионирање’. Најдобриот начин за да се опише ова е еволуција подалеку од тенисот и еволуција поблиску до нештата кои ми се важни... Верувајте ми, никогаш не сакав да морам да избирам помеѓу тенисот и семејството. Мислам дека не е фер. Ако бев маж, немаше да го пишувам ова. Ќе бев на теренот, играјќи и победувајќи додека мојата жена ќе се трудеше да го прошири семејството“ – образложува успешната спортистка.

Серена Вилијамс

Одлуките не се лесни, но Серена е подготвена за новите предизвици.

„Нема радост во оваа одлука. Мразам што морам да бидам на оваа раскрсница. Посакував да беше лесно за мене, но не е. Растргната сум: Не би сакала да ставам крај, но во исто време подготвена сум за она што е следно“ – заклучува Вилијамс.

Серена Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.