Почетна » Новости » Актуелно » „Семејство за секое дете” - Нова кампања на СОС Детско село

„Семејство за секое дете” - Нова кампања на СОС Детско село

Kоја е најголемата желба на децата? Некое дете сака барбика со фустани, друго нов велосипед, куче, патики што светкаат... Но, за некои деца најголема желбае да имаат семејство. Оваа емотивна порака за тоа колку е важно семејството за секое дете ја пренесува СОС Детско село во видеото подготвено по повод одбележувањето на 15 мај – Меѓународниот ден на семејството.

Преку ова видео, но и преку други активности поврзани со одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село сака да ја подигне свеста на јавноста за важноста и потребата од формирањето згрижувачки семејства во нашето општество бидејќи секое дете неопходно е да расте во семејно опкружување.

Токму тоа е мисијата на СОС Детско село во изминатите 22 години, да гради семејства за децата без родителска грижа со цел секое дете да расте со љубов, грижа и чувство на припадност.

СОС Детско село

Семејството, како основна општествена единица, игра многу важна улога во животот на секое дете. Тоа влијае врз формирањето на неговиот карактер, како и врз неговата иднина и затоа како заедница не смееме да дозволиме ниту едно дете да расте без семејство.

Во моментов, СОС Детско село дава поддршка на 70 згрижувачки семејства совкупно 169 деца и млади без родителска грижа. Преку овој концепт, децата и младите без родителска грижа растат во семејно опкружување и атмосфера, со што се поставуваат цврсти темели на нивниот натамошен живот исполнети со љубов, сигурност и поддршка.

Во рамки на активностите за одбележување на Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село ја промовираше својата прва едукативна сликовница „Најискрена прегратка“. Станува збор за приказна која нема возрасна граница и која пренесува универзална порака за развој на инклузијата, емпатијата, почитта и искрената детска љубов. Сликовницата „Најискрена прегратка“ може да се купи во книжарниците на издавачката куќа „Арс Ламина“, со што граѓаните ќе помогнат во мисијата на СОС Детско село да обезбеди семејство за секое дете.

Секој од нас може да помогне во мисијата на СОС Детско село и да усреќи многу деца без родителска грижа. За секое дете да расте во семејство, помогнете и донирајте преку веб-страницата на СОС Детско село Донирај СЕГА!.

Погледнете го емотивното видео на СОС Детско село Семејство за секое дете

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.