Почетна » Новости » Актуелно » Се гледаме на врвот – Следува најмасовниот Sparkasse Life настан „Прв до врв“

Се гледаме на врвот – Следува најмасовниот Sparkasse Life настан „Прв до врв“

Во недела, на 21 мај, ќе се одржи најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјава, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ од Скопје и Шпаркасе Банка како главен спонзор.

Шпаркасе Банка преку платформата Sparkasse LIFE е интензивно фокусирана на промоција на спортот и на здравите животни навики, како и на стратегијата за одржливост, па во таа насока од оваа година е главен спонзор на манифестацијата „ПРВ ДО ВРВ“.

Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка

„Тоа што годинава се пријавени повеќе од 3.600 учесници како рекордна бројка пријавени воопшто досега, претставува дополнително задоволство за нас како генерален спонзор“, велат од Банката.

За учество на овој традиционален спортски настан на Водно, кој годинава се одржува по 11-ти пат, ќе се натпреваруваат велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти на трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам, Е-Bike (електрични планински велосипеди) и Summit Run (team-building трка за компании). Секој учесник во оваа тим-билдинг трка, покрај за својот тим, индивидуално се натпреварува и во трката за планинско трчање.

Настанот стартува во 9:45 ч. од Музеј на Град Скопје и ОУ „Кочо Рацин“. На целта ќе биде организиран пикник, а присутните ќе ги забавуваат диџеј Вито и бендот „Day Off“. По забавната програма ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците.

Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка

Преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка интензивно поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред. Банката останува посветена на визијата да биде водечка по квалитетот на банкарските услуги, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените. Воедно, им посакува среќа на сите пријавени учесници, но пред сè добра забава и стекнување нови пријателства.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11247 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.