Почетна » Новости » Актуелно » Рекордни 2.269 новозаразени со коронавирус и 24 починати од КОВИД-19

Рекордни 2.269 новозаразени со коронавирус и 24 починати од КОВИД-19

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.038 тестирања, а има 2.269 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 1.169
  • Битола – 183
  • Прилеп – 165
  • Куманово – 88
  • Кавадарци – 56
  • Гевгелија – 48
  • Охрид – 44
  • Тетово – 43
  • Струмица – 35
  • Кочани – 34
  • Гостивар, Велес и Кичево – по 33
  • Ресен – 32
  • Струга – 31
  • Неготино – 26
  • Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24
  • Делчево – 19
  • Валандово – 15
  • Демир Хисар – 14
  • Свети Николе и Кратово – по 13
  • Штип и Крушево – по 11
  • Македонски Брод – 9
  • Виница и Македонска Каменица – по 8
  • Пехчево – 7
  • Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5
  • Демир Капија – 1
ковид податоци

Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: 5 од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.

Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 790
  • Битола – 124
  • Прилеп – 86
  • Охрид – 76
  • Кавадарци – 40
  • Куманово – 27
  • Штип – 26
  • Струмица – 23
  • Гевгелија, Велес и Кичево – по 22
  • Ресен и Неготино – по 15
  • Валандово – 14
  • Тетово – 13
  • Кочани – 12
  • Делчево – 11
  • Струга – 10
  • Гостивар – 9
  • Радовиш – 8
  • Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7
  • Пробиштип – 5
  • Демир Хисар и Виница – по 4
  • Македонска Каменица и Пехчево – по 3
  • Берово, Богданци и Демир Капија – по 2
  • Дојран и Дебар – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.