Почетна » Новости » Актуелно » Претседателот Пендаровски ја посети малата Ембла во Гостивар, си доби подарок како драг спомен со неа

Претседателот Пендаровски ја посети малата Ембла во Гостивар, си доби подарок како драг спомен со неа

Стево Пендаровски го посети основното училиште „Единство“ во Гостивар, каде беше запознаен со условите и начините на кои се одвива инклузивното образование во училиштето.

Македонскиот Претседател имаше можност да се подружи со седумте дечиња со попречености, кои покрај редовната настава, имаат можност за приспособени и индивидуални часови со стручен кадар.

Меѓу тие ученици беше Ембла Адеми, која има Даунов синдром. Јавноста дозна за неа на почетокот од оваа година, бидејќи таа беше дискриминирана на училиште и принудувана да држи настава во одделна просторија, подалеку од соучениците.

Сега, Ембла има соодветни услови за учење.

Пендаровски и Ембла

59-годишниот Претседател си доби подарок од родителите на Ембла. Станува збор за нивна заедничка фотографија од февруари годинава, кога тој за првпат ја посети Ембла и за рака ја одведе во школо.

Пендаровски и Ембла Пендаровски и ЕмблаСтево Пендаровски и Ембла во февруари годинава Пендаровски и Ембла Пендаровски и Ембла Пендаровски и Ембла

По објавувањето на случајот со малата Ембла, македонската јавност се сплоти за да се бори против дискриминацијата на лицата со посебни потреби.

„Секој наш напредок во инклузија на децата со атипичен развој е мотив повеќе кој нè охрабрува дека со заеднички напори се можни позитивни промени“– напиша Пендаровски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11375 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.