Почетна » Новости » Актуелно » Прва дама со стил: Елизабета Ѓоргиевска во темнозелен фустан покрај Пендаровски на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Прва дама со стил: Елизабета Ѓоргиевска во темнозелен фустан покрај Пендаровски на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Како покровител на „Браќа Манаки“, Стево Пендаровски вечерва е специјален гостин на отворањето на Филмскиот фестивал во Битола.

Македонскиот претседател зачекори на црвениот тепих во Градот на конзулите со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Првата дама изгледаше елегантно во темнозелен фустан со црни панели во горниот дел и класични салонки.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

За време на церемонијата, Пендаровски одржа краток говор:

Нашиот уникатен фестивал, со својата овогодишна тематска одредница ‘Реалноста не е доволна’ упатува на повеќе знаци кои стојат покрај животните патеки што ги врвиме, генерално како луѓе низ историјата, но особено ние овде последниве транзициски децении. Од една страна, се толерантно презентирани, т.н. општо прифатени вистини и факти наречени реалност и она што животот ни го нуди како еднодимензионално секојдневие. А од друга страна, истата таа реалност, протолкувана низ сензибилитетот на уметноста и диоптријата на камерата, што додава нови перспективи на нашите животи, нашите мисли и чувства и во нашите меѓучовечки интеракции во заедницата. И во двете читања на реалноста, едно без друго не оди и нивното надополнување е можеби единствената шанса да го разбереме светот околу нас и да се разбереме себеси во тој свет.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.