Почетна » Новости » Актуелно » „Пикот допрва нè чека“: Доктори од првите линии во Дебар порачуваат да се почитуваат мерките

„Пикот допрва нè чека“: Доктори од првите линии во Дебар порачуваат да се почитуваат мерките

Медицински лица директно од кризното жариште во Дебар порачуваат луѓето да седат дома и да ги следат препораките на експертите. Нивната порака беше објавена на Facebook страницата на Лекарската комора на Македонија.

Докторите Вангел Нечевски и Зекирја Шаини велат дека пикот допрва нè очекува.

Доктори

„Сограѓани, ситуацијата е сериозна. Пикот допрва нè чека, а каков ќе биде, зависи од сите нас! Сè ќе помине добро ако се почитуваат мерките“ – велат тие.

„Почитувајте ги мерките! Седете дома!“ – додаваат.

Двајцата доктори од Клиниката за пулмологија и алергологија беа испратени во Дебар непосредно по прогласувањето на градот за жаришна зона од инфекција со Ковид-19. Работата во Дебар се одвива во две смени, вклучувајќи ги и викендите.

„Секојдневно се контролираат веќе дијагностицираните пациенти со Ковид-19, кои се со лесна и средно тешка клиничка слика, и се обавуваат прегледи на симптоматски пациенти на кои им се зема брис и се третираат според потребите. Секојдневните прегледи се извршуваат амбулантски во Општа болница - Дебар или се оди во домашна посета. Брисевите се праќаат во Скопје и секојдневно се добиваат резултати. Пациентите кои се со тешка клиничка слика или имаат акутно влошување, итно се праќаат во Скопје, превентивно да не ескалира нивната состојба, знаејќи го можниот непредвидлив тек и можната дестабилизација на состојбата што може да ја приреди вирусот“ - велат докторите.

Тие велат дека медицинските лица во Дебар добиваат соодветна опрема за заштита и безбедна работа со заразени пациенти, според потребите и барањата. Во постојана комуникација се со директорот на болницата, д-р Баки Алили, кој им помага во работата и воспоставува добра логистика.

„Колеги, медицински лица, секогаш носете заштитна опрема со кој било пациент. Да имаме сила и трпение да ги прегледаме сите пациенти и да им објасниме за сериозноста на состојбата, како и мерките кои мора најсериозно да ги почитуваат. Најважен дел е да водите сметка за тоа како се става, како се раководи и како правилно се вади и одлага опремата. Да се чуваме сите заедно! Се гледаме наскоро“ - порачуваат докторите од Дебар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.