Почетна » Новости » Актуелно » Официјално: Распустот продолжува, учениците се враќаат во клупите на 1 февруари

Официјално: Распустот продолжува, учениците се враќаат во клупите на 1 февруари

Почетокот на второто полугодие на учебната година се одложува. Согласно одлуката на Владата, учениците од основните и средните училишта ќе се вратат на настава со физичко присуство на 1 февруари, а крајот на полугодието останува непроменет.

Божиновски

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

соопштение од Владата

Во изминативе две недели бројот на новозаразени со коронавирусот значително порасна. Најновите податоци од Институтот за јавно здравје говорат дека на територијата на нашата држава моментално има 16.397 регистрирани активни случаи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.