Почетна » Новости » Актуелно » Отмена: Војвотката Кетрин блеска на три кралски портрети за 40-тиот роденден

Отмена: Војвотката Кетрин блеска на три кралски портрети за 40-тиот роденден

Кенсингтонската палата објави три портрети од војвотката Кетрин по повод нејзиниот 40. роденден.

Елегантната фотосесија била направена во Лондон од италијанскиот фотограф Паоло Роверси.

Раскошните креации кои ги носи убавата припадничка на британското кралско семејство се дело на модната куќа Александар МекКвин, која беше заслужна и за нејзиниот невестински фустан.

На фотографијата во боја, Кетрин носи дијамантски обетки од приватната колекција на кралицата Елизабета II додека за црно-белите портрети беа избрани обетки со бисери и дијаманти кои ѝ припаѓаа на покојната принцеза Дијана.

војвотката Кетрин војвотката Кетрин војвотката Кетрин

Фотографиите ќе ја збогатат колекцијата на Националната портретна галерија во Лондон.

Се претпоставува дека фотографиите се инспирирани од фотосесија со минималистичка позадина на принцезата Дијана со фотографот Патрик Демаршелие.

принцезата Дијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12021 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.