Почетна » Новости » Актуелно » „Останав сираче заради тебе тато“: Претажен статус се шири на интернет по убиството кое го потресе Балканот

„Останав сираче заради тебе тато“: Претажен статус се шири на интернет по убиството кое го потресе Балканот

Статус, напишан како од гледна точка на бебето на убиената Низама Хеќимовиќ од БиХ, се шири онлајн.

Претажниот текст беше објавен на Facebook страницата Gradačac откако Нермин Сулејмановиќ пред очите на 9-месечната ќерка ја уби својата невенчана сопруга, оставајќи го бебето во крв во викендичка во шума.

Низама Хеќимовиќ

Статусот никого не остава рамнодушен, а ви го пренесуваме во целост:

Татко мој, бев толку мала, имав само девет месеци кога ми ја нанесе најголемата болка во животот. Зошто го направи тоа тато? Зошто ја уби мајка ми? Зошто баш пред моите очи тато?

Бев толку мала, што не можев ништо ни да речам, ни да ја одбранам мама. Ме остави на подот да лежам беспомошна и да гледам како ја тепаш, како ја претепуваш до истоштување. Зошто го направи тоа тато?

Ми го одзеде најпотребното нешто во животот. Ми ја одзеде силата, мојот мирис, душата, заштитата, сè ми одзеде и ме остави сама... да растам без мама и без тебе тато.

Ти требаше да бидеш покрај нас, покрај мене, а не против нас и да ме оставиш сама. Тоа ни најголемиот непријател не би можел да го направи, но ти го направи тато. Можеше да ме оставиш сама, можеше да ми ја убиеш мајка ми, можеше да ми го одземеш детството, но тато се надевам дека никогаш во животот нема да наидам на личност како што си ти, а посебно тоа да биде личноста која ќе ја сакам.

И кога ќе пораснам, веројатно ќе се запрашам зошто немам родители како сите деца, ќе се скршам кога ќе го слушнам сето ова... ќе гледам како другите деца ги чува мама, ќе гледам како тато ги носи на рамена додека тие ја имаат онаа мала детска насмевка. Тоа ќе бидат деца кои тато нема да ги остави сами во шума и пред нив да ја убие мајка им со еден куршум од пиштол. Сите ќе имаат свое детство, а ти тато мене ми ги одзеде и мама и тато и детството, сè ми одзеде... Останав сираче заради тебе тато.

Низама Хеќимовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11429 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.