Почетна » Новости » Актуелно » „Учете ги ќерките дека имаат каде да се вратат“: Моќни пораки по бруталното убиство кое ја потресе БиХ

„Учете ги ќерките дека имаат каде да се вратат“: Моќни пораки по бруталното убиство кое ја потресе БиХ

Семејното насилство е главна тема во регионот во изминативе неколку дена по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ од Босна и Херцеговина.

Откако младата мајка беше брутално убиена од нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ пред очите на нивната мала ќерка, целиот Балкан изрази згрозеност и разочараност од институциите.

Низама Хеќимовиќ

Само неколку дена пред убиството, Низама поднела барање за забрана за приближување, бидејќи и претходно била малтретирана од Нермин. За жал, нејзиното барање било одбиено.

Се претпоставува дека убиецот токму од институциите добил информација од кој број е пријавено семејното насилство и каде се наоѓа Низама.

Низама Хеќимовиќ

Онлајн се шират статуси полни сочувство за семејството кои носат и моќни пораки. Еве дел од нив:

Учете ги ќерките дека имаат каде да се вратат!
Првиот шамар е знак за крај.
Не мора да трпите ниту едно насилство, оној кој ќе крене рака на вас не е некој кој ве сака.
Борете се за себе, соберете ги вашите работи и одете си додека не е касно. Денес тоа е Низама, утре можеби ќе бидам јас, а задутре можеби ти…

Денес едно девојче остана без својата мајка поради монструм кој го нарекувала свој татко. Тој беше сè само маж и татко НЕ.

Од овој хорор сите мораме да научиме нешто и оваа жена да не биде само уште една бројка на насилство, туку животна лекција. Девојчиња, девојки, запаметете дека некогаш е подобро да си сама. Вистинскиот маж не уценува, не навредува, не се заканува, не ограничува, не ни помислува, ниту удира „само неколку шамари“, туку е ваша заштита и ветер во грб. Во оној момент кога само ќе помислите дека нема почит, не грешите, не си измислувате. Бегајте додека сè уште има време.

Родители, да го вложиме и последниот атом од нашата снага да одгледаме синови кои утре другиден ќе им бидат заштита, сигурност, сила на нивните девојки, сопруги. Ве молам, учете ги девојчињата да не се согласуваат на никаква врска во која не постои океан почит. Да ги упатиме нашите деца.

Не го игнорирајте насилството само затоа што не ви се случува вам...

Колку ги има за кои не знаеме? Која е следна?
Најтажно е што секоја претходна и секоја следна ширум Балканот е само бројка, само тема која трае два дена...
Да си маж, значи да бидеш потпора и заштита на својата жена. Мажот не е насилник и силеџија.
Сакај ја, почитувај ја твојата жена, само во тој случај вредиш.

Сè започнува со шамар, па за жал стигнува до смрт. Немој да се лажете дека ќе се промени. Не, нема, нема никогаш. Ќе биде само полош! Еден млад живот згасна. Колку жени девојки денес, вчера... претрпеле насилство? Се разбира дека нема кому да се обратиш затоа што се плашиш од последиците... Размислуваш што ќе биде после, што те чека... а од тие канџи не можеш да побегнеш...

Навредата не се опростува, грдите зборови не се опростуваат, шамарот не се опростува, физичкото насилство не се опростува... Драги девојчиња, девојки, жени, мајки... внимавајте кого пуштате во вашиот живот. Често зад јагнешкото лице се крие страшен волк...

Спаси се себеси. Жива можеш да се спасиш. Мртва не можеш ни себе, ни децата. И не мисли на осудувањата. Подобро е жива да те осудуваат отколку мртва лажно да те сожалуваат... Драги девојки/жени. Пазете кого пуштате во вашиот живот. Еден шамар, еден удар не се опростува. Запомнете добро, не се опростува!

Низама Хеќимовиќ Низама Хеќимовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.