Почетна » Новости » Актуелно » Нови случаи: 12 лица од Скопје и Куманово се позитивни на коронавирус

Нови случаи: 12 лица од Скопје и Куманово се позитивни на коронавирус

Бројот на заболени лица од коронавирус достигна 148. Во изминативе 24 часа биле потврдени 12 нови случаи.

Министерството за здравје објави дека 7 од позитивните лица се од Скопје, а 5 од Куманово.

Состојба со коронавирус

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).

Една од дијагностицираните беше излекувана и пуштена дома, а за жал, имавме и два смртни случаи – 57-годишна жена од Куманово и 63-годишен маж од Дебар.

Министерот Венко Филипче денес порача: „Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот 'Мој термин' тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање.“

„Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите.“

Состојба со коронавирус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10352 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.