Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 88 новозаразени, 113 оздравени и 6 починати од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 88 новозаразени, 113 оздравени и 6 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.507 тестирања, а се потврдени 88 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 23
  • Куманово – 8
  • Дебар – 2
  • Штип – 10
  • Прилеп – 3
  • Тетово – 2
  • Струга – 11
  • Велес – 2
  • Битола – 3
  • Охрид – 8
  • Кавадарци – 1
  • Гостивар – 4
  • Струмица – 1
  • Македонски Брод – 4
  • Свети Николе – 2
  • Виница – 2
  • Кичево – 2
Податоци

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од:

  • Скопје 57
  • Дебар 1
  • Штип 11
  • Прилеп 8
  • Тетово 11
  • Велес 1
  • Гостивар 2
  • Кочани 4
  • Демир Хисар 1
  • Свети Николе 10
  • Кичево 2
  • Ресен 5

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 4966, активни 1303
  • Куманово 1102, активни 262
  • Дебар 208, активни 118
  • Штип 887, активни 433
  • Прилеп 336, активни 46
  • Тетово 1066, активни 212
  • Струга 469, активни 187
  • Велес 227, активни 22
  • Битола 146, активни 66
  • Охрид 283, активни 76
  • Кавадарци 83, активни 63
  • Гостивар 499, активни 288
  • Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
  • Струмица 39, активни 23
  • Крива Паланка 25, активни 11
  • Радовиш 29, активни 16
  • Крушево 16, активни 8
  • Кочани 106, активни 20
  • Пробиштип 57, активни 22
  • Демир Хисар 34, активни 26
  • Македонски Брод 41, активни 35
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 8, активни 4
  • Валандово 6, активни 0
  • Виница 25, активни 21
  • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 14, активни 7
  • Свети Николе 230, активни 134
  • Кичево 179, активни 109
  • Ресен 146, активни 21
  • Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11098 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.