Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 53 нови заболени и 5 починати од коронавирус во земјата

Нови податоци: 53 нови заболени и 5 починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство ја објави новата состојба со коронавирус во земјата.

Дијагностицирани се 53 нови случаи, со што вкупната бројка се искачи на 483.

Од нив, 13 се од Скопје, 14 од Струга, 8 од Куманово, 6 од Кочани, 3 од Штип, 2 од Радовиш, 2 од Прилеп, 2 од Тетово, 2 од Гостивар и 1 од Велес.

Во изминатото деноноќие, потврдени се пет нови смртни случаи од КОВИД-19.

Коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци. Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.

Коронавирус

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 221
  • Куманово – 93
  • Дебар – 49
  • Штип – 18
  • Прилеп – 24
  • Тетово – 17
  • Струга – 23
  • Велес – 9
  • Битола – 4
  • Охрид – 3
  • Кавадарци –2
  • Гостивар – 4
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 1
  • Крива Паланка – 2
  • Кочани – 7
  • Радовиш – 2

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.