Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 29 новозаболени, а 5 починати од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 29 новозаболени, а 5 починати од коронавирус во Македонија

Бројот на заболени од новиот коронавирус во нашата држава достигна 599. Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 лица позитивни на КОВИД-19.

Најмногу заразени има во Скопје (15), а потоа следуваат Куманово (7), Прилеп (1), Струга (3) и Кочани (3).

Коронавирус

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Коронавирус

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 254
  • Куманово – 128
  • Дебар – 49
  • Штип-20
  • Прилеп – 34
  • Тетово – 29
  • Струга – 28
  • Велес – 10
  • Битола – 6
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 4
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 3
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 2
  • Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.