Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 115 новоинфицирани, 40 оздравени и 7 починати од коронавирус

Нови податоци: 115 новоинфицирани, 40 оздравени и 7 починати од коронавирус

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 1.032 тестирања, а се потврдени 115 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 53
  • Куманово - 4
  • Дебар - 6
  • Штип - 3
  • Прилеп - 6
  • Тетово - 8
  • Струга - 13
  • Велес - 1
  • Охрид - 8
  • Гостивар - 5
  • Пробиштип - 1
  • Свети Николе - 1
  • Кичево - 4
  • Ресен - 2
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје (26), Велес (2), Гостивар (3), Кичево (3), Ресен (6).

Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678.

Податоци

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 415
  • Аеродром – 159
  • Бутел – 173
  • Гази Баба – 207
  • Центар – 150
  • Карпош – 167
  • Сарај – 154
  • Кисела Вода – 118
  • Ѓорче Петров – 116
  • Студеничани – 115
  • Шуто Оризари – 93
  • Арачиново – 51
  • Илинден – 33
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 18
  • Сопиште – 13
  • Зелениково-7
  • Странец – 2

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.