Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 37 оздравени, 41 новозаболен и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Нова состојба: 37 оздравени, 41 новозаболен и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Во изминатото деноноќие кај нас регистрирани се 41 нов случај на коронавирус, со што вкупната бројка се искачи на 1.367.

По градови, новите заболени се од Скопје (17), Куманово (8), Прилеп (8), Тетово (4), Струга (1), Велес (2) и Битола (1).

Секојдневно расте и бројот на излекувани пациенти. Во 24 часа, потврдени се 37 оздравени лица од КОВИД-19.

Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје (11), Прилеп (11), Кочани (4), Гостивар (2), Дебар (2), Струга (1), Охрид (1), Битола (1), Крушево (1) и Тетово (1).

коронавирус

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка.

Во денешната евиденција на институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.

Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за КОВИД-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања.

коронавирус

Според местото на живеење, случаи на КОВИД-19 досега се регистрирани во:

  • Скопје – 468
  • Куманово – 363
  • Дебар – 51
  • Штип-34
  • Прилеп –139
  • Тетово – 73
  • Струга – 62
  • Велес – 63
  • Битола –19
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар –14
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 28
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино -4
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод -2
  • Пехчево- 1
  • Валандово -1
  • Виница – 1

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.