Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 138 новозаразени, 144 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија

Нова состојба: 138 новозаразени, 144 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.621 тестирања, а се потврдени 138 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 47
  • Куманово – 17
  • Дебар – 10
  • Штип – 16
  • Прилеп – 2
  • Тетово – 2
  • Велес – 5
  • Битола – 5
  • Охрид – 2
  • Кавадарци – 1
  • Гостивар – 10
  • Крива Паланка – 1
  • Кочани – 5
  • Пробиштип – 1
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 6
  • Ресен – 1
  • Виница – 2
  • Кичево – 3
  • Кратово – 1
Податоци

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:

  • Скопје 105
  • Штип 9
  • Прилеп 2
  • Тетово 4
  • Велес 1
  • Битола 5
  • Гостивар 1
  • Кочани 4
  • Пробиштип 1
  • Демир Хисар 2
  • Берово 1
  • Кичево 7
  • Ресен 2

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Досега во земјата се направени вкупно 103.938 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.