Почетна » Новости » Актуелно » „Нема да се смирам“: Смела Србинка јавно ги покажа модринките и нападите од бившиот дечко и бара правда

„Нема да се смирам“: Смела Србинка јавно ги покажа модринките и нападите од бившиот дечко и бара правда

Ниту една жена не треба да искуси насилство на своја кожа, а особено не од човекот кој го сака.

Нада Грујичиќ од Србија собра храброст и јавно ги покажа модринките од насилството од дечкото со кого живеела. Таа го напушти пред една година и сега бара правда.

Сè започнало како убава врска, но продолжила со психичко малтретирање и одвојување од пријателите и семејството, за да заврши со физичко насилство.

Со манипулација, партнерот ја натерал да верува дека нема никој друг близок освен него. Дека тој е сè што има. Токму поради тоа, Нада не собрала сили да си замине по првиот удар.

Следувале уште многу моменти на физичко малтретирање, а клучниот момент за крај на нивниот однос бил кога насилникот ѝ скршил три ребра.

Додека го молела да ја одведе во болница, тој ја ставил во автомобилот и ја исфрлил на патот до селото во комплетен мрак.

Нада

Долго размислував дали за правда е потребно јавно да ја објавувам својата интима и траумата. Дојдов до ситуација тоа да е единствениот начин. Го направив тоа.

Добив многу пораки од девојки и жени кои минуваат или минале низ истото и ми дадоа ветер во грб да станам уште погласна додека насилникот не биде осуден.

Пресуден ми беше моментот кога ми се јавија неговите бивши девојки да ме поддржат. Ви благодарам за тоа. На следните фотографии ќе прикажам еден мал дел од тоа како изгледаше и како се заврши.

Нема да се смирам. Во јавност немав излезено една година, но отсега нема да престанам додека правдата не биде задоволена.

Нада Нада Нада Нада Нада Нада

„Во последните година дена се чувствувам многу вознемирено. Не знам колку пати си помислив дека подобро ќе беше да ме убиеше на лице место, па ќе одговараше за тоа. Јас немаше да минувам низ ова, а тој ќе одговараше. Но, вака не. Јас минувам низ сето ова, а тој не одговара, седи дома и се смее“ - низ солзи изјави Нада во интервју во кое зборува за деталите за насилството.

Погледнете го видеото:

Нада Нада

Оваа сторија излезе по убиството на Низама Хеќимовиќ од страна на невенчаниот сопруг, пред очите на нивната 9-месечна ќерка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11432 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.