Сите кои го познаваа Тоше Проески, денес со носталгија и тага се сеќаваат на него и евоцираат спомени.
Неговиот пријател Ленин Јовановски, основачот на мото клубот „Ноќни волци“, сподели албум со досега необјавени фотографии со непреболената ѕвезда и емотивна порака:

ТОШЕ ПРОЕСКИ.
Сеќавање на денешниов ден, негов роденден, кога го прославуваме заедно со најблиските.
Мојот објектив забележал само мал дел од тие моменти... и незаборавни патувања... денови на неговите успеси.
Верувам дека Небесното Царство како негов дом е совршенството на кое припаѓа, далеку од сета беда, злоба и неправда на оваа земја.
НЕКА МУ Е ВЕЧНА СЛАВА












ТОШЕ ПРОЕСКИ. Сеќавање на денешниов ден, негов роденден, кога го прославуваме заедно со најблиските. Мојот објектив...
Posted by Lenin Jovanovski on Monday, January 25, 2021