Почетна » Новости » Актуелно » Најнови информации: 6 нови случаи на коронавирус, заразено и 4-годишно девојче од Штип

Најнови информации: 6 нови случаи на коронавирус, заразено и 4-годишно девојче од Штип

Бројот на лица кои моментално се заболени со КОВИД-19 во нашата држава се искачи на 48.

Министерот за здравство Венко Филипче тукушто објави дека има шест нови случаи.

Состојба на коронавирус во земјата

До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.

Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известиме јавноста.

Во 18 часот е закажана нова прес-конференција на Филипче.

Состојба на коронавирус во земјата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.