Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 46 нови случаи на коронавирус, 2 лица починале

Најнова состојба: 46 нови случаи на коронавирус, 2 лица починале

Во изминатото деноноќие, во Македонија регистрирани се 46 нови случаи со коронавирус.

Министерството за здравство соопшти дека со тоа вкупниот број на заболени во земјата е 430.

По градови, во Скопје (12), Куманово (23), Дебар (2), Прилеп (1), Тетово (2), Велес (2), Гостивар (1) и Гевгелија (2).

Коронавирус

Тажна вест е што 2 лица починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 сè уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Коронавирус

За среќа, се зголемува бројот на излекувани. Три пациенти се испишани од Клиниката за инфективни болести откако добиле негативни резултати на контролните тестови.

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева за Телма потврди дека заразени се 11 здравствени работници.

Во изминатото деноноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222, преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на КОВИД-19.

Коронавирус

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 208
  • Куманово - 85
  • Дебар – 49
  • Штип - 15
  • Прилеп – 22
  • Тетово – 15
  • Струга – 9
  • Велес – 8
  • Битола – 4
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 2
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 1
  • Крива Паланка - 2
  • Кочани – 1

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11062 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.