Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 41 заболен и 29 оздравени од коронавирус во Македонија

Најнова состојба: 41 заболен и 29 оздравени од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив, 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1.

Во изминатите 24 часа, потврден е 41 нов случај на КОВИД-19. По градови: Скопје (17), Куманово (11), Прилеп (5), Тетово (3), Кавадарци (1), Гостивар (1), Крива Паланка (1), Кичево (1) и Неготино (1). Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Коронавирус

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.300, а последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје – 439
  • Куманово – 353
  • Дебар – 51
  • Штип – 34
  • Прилеп – 131
  • Тетово – 65
  • Струга – 55
  • Велес – 62
  • Битола – 17
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар – 14
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 28
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 3
  • Неготино – 3
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 2
  • Пехчево – 1
  • Валандово – 1

Во изминатото деноноќие, направени се 649 теста. Преку ИЈЗ – 437, преку Ветеринарен ф-тет – 23, Авицена – 20, Биотек – 49, Филип Втори (Жан Митрев) – 90 и Систина со PCR метода – 30. Досега, во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања на КОВИД-19.

Коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив, 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.