Почетна » Новости » Актуелно » Милица Ѓурѓиќ, партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, отмена во едиторијал за познатото списание L’Officiel

Милица Ѓурѓиќ, партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, отмена во едиторијал за познатото списание L’Officiel

Во функција на премиерка на Србија, Ана Брнабиќ секојдневно е пред очите на јавноста, а нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ поретко застанува под медиумските рефлектори.

Убавата и успешна докторка е ѕвездата на актуелното арапско издание на популарното списание L’Officiel.

Милица, која по професија е радиолог, сними едиторијал по повод промовирањето на српската култура и уметност во рамките на „Дубаи Експо“.

За честа да ја добие насловната страница на списанието, таа рече: „Многу сум возбудена за тоа, почестена и среќна што имам можност да ја претставувам и промовирам мојата земја – Србија“.

Фотографиите ги потпишува Моника Павловиќ.

На корицата, Милица носи креација од светската дизајнерка со српско потекло Роксанда Илинчиќ.

Коментирајќи ја својата професија, таа изјави: „Моето мото е да дадам сè од себе и да ги третирам пациентите не како случаи или бројки, туку како она што се – човечки суштества со нивни животни стории, семејства, сакани личности. Често тоа е тешко и емотивно. Притисокот и одговорноста се огромни, но како радиолог, треба да останеш смирен и фокусиран затоа што она што го гледаш, може да спаси нечиј живот.“

Милица Ѓурѓиќ Милица Ѓурѓиќ

Во однос на модата, таа тврди дека не ја привлекуваат трендовите. „Ја сакам модата, но не сум робинка на модата. Не следам трендови. Носам она што ми се допаѓа и во кое се чувствувам убаво. Особено ми се допаѓаат српските модни дизајнери Роксанда Илинчиќ, Игор Тодоровиќ, Душан Пауновиќ, Драгана Огњеновиќ, Ана Љубинковиќ и други. Тие се фантастични претставници на српската креативност.“

Милица Ѓурѓиќ Милица Ѓурѓиќ

Милица и Ана се заедно повеќе од една деценија. Во 2019 година, тие го добија синот Игор.

Видео од фотосесијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.