Почетна » Новости » Актуелно » Малата Нина која продава крофни и собира пари за лечење на татко ѝ: „Знаев дека мама и тато нема да успеат сами“

Малата Нина која продава крофни и собира пари за лечење на татко ѝ: „Знаев дека мама и тато нема да успеат сами“

Малата Нина Нинковиќ ги собра потребните средства за патувањето и прегледите на нејзиниот татко во Москва.

11-годишното девојче од Србија со денови продава крофни по цена од 100 динари (50 денари). Иако првиот ден продала само 7 крофни, Нина не се откажа и набрзо го освои Балканот со својата приказна. Луѓе од целиот регион се обединија за да ги соберат парите потребни за лекување на Зоран.

Нина Нинковиќ Нина Нинковиќ

„Знаев дека мама и тато во тоа нема да успеат сами, па сакав да им помогнам. Баба ми даде идеја дека можам да продавам крофни“ – вели слатката Нина.

Татко ѝ, Зоран Нинковиќ, го изгубил видот и едното око во 2016 година поради аблација на ретината.

Во 2022 година, повторно му се појавила аблација и сега може да го изгуби и другото око. Освен што можел целосно да ослепи, имало ризик и да го изгуби животот. Но, сега, благодарение на ќеркичката со големо срце, тој е на пат да го добие потребното лекување.

Нина Нинковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.