Почетна » Новости » Актуелно » Србија сплотена: Огромна редица за купување крофни од девојчето кое продава за да заработи за лекување на татко си

Србија сплотена: Огромна редица за купување крофни од девојчето кое продава за да заработи за лекување на татко си

Цела Србија се сплоти за да ѝ помогне на Нина Нинковиќ во големата акција за собирање средства за лекување на нејзиниот татко.

Нина Нинковиќ

Добродушни луѓе направија огромна редица пред штандот на малото девојче во Нови Сад и чекаа за да купат крофни. Видеата кои кружат на социјалните мрежи ќе ве разнежнат.

Нина ги продава крофните по цена од 100 динари (50 денари). Собраните средства семејството на Нина ќе ги искористи за превоз и лекување на татко ѝ Зоран во Москва.

Бидејќи Нина и нејзините мајка и баба не можеле да престигнат во правењето крофни, поради големата побарувачка, ним им помагаат локални пекари. „Нина покажа јака волја, имаше јасна визија за ова. Сметав дека од тоа ќе има за џепарлак, не очекував дека ќе има толкав одзив“ – изјавила мајката на Нина.

Нина Нинковиќ Нина Нинковиќ Нина Нинковиќ Нина Нинковиќ

Таткото на Нина, Зоран Нинковиќ, го изгубил видот и едното око во 2016 година поради аблација на ретината.

Во 2022 година, повторно му се појавила аблација и сега може да го изгуби и другото око. Освен што може целосно да ослепи, има ризик и да го изгуби животот. За да замине на лекување во Москва, нему му е потребна поголема парична сума.

Нина Нинковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.