Почетна » Новости » Актуелно » Лазороска - таму каде што припаѓам, таму каде што пораснав

Лазороска - таму каде што припаѓам, таму каде што пораснав

Безгрижното детство, чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа е изразено во првата фото-монографијата „Лазороска“, плод на острото око и искусните прсти на фотографот на Канон генерацијата во земјава, Игор Цветковски.

Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Цветковски го документира чувство на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.

„Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе” – вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.

Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски

Монографијата започнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе. Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на младиот композитор Мартин Данчев, во дип хаус преработка.

Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски Изложба на Игор Цветковски

Промоцијата на фото-монографијата и изложбата ќе бидат во Мала Станица на 6 април 2023 година, со почеток од 19:30 часот.

Изложба на Игор Цветковски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.