Почетна » Новости » Актуелно » „Изгубивме херој од нашето семејство“: Писмо од колешка за медицинската сестра од Охрид која почина од КОВИД-19

„Изгубивме херој од нашето семејство“: Писмо од колешка за медицинската сестра од Охрид која почина од КОВИД-19

Пред неколку дена, уште еден здравствен работник ја изгуби битката со КОВИД-19 во нашата земја. Почина медицинската сестра Дијана Димоска од охридската болница како последица на компликации од коронавирусот.

Нејзината колешка Вики Котевска напиша трогателно писмо, во кое ја опишува пожртвуваноста на медицинските лица кои секојдневно даваат сè од себе за да им помагаат на заболените пациенти.

медицински лица

Почитајте ја нејзината порака во целост:

И изгубивме херој од нашето семејство... Дојде и тој ден...

Болка, гнев и тага..

Тоа е чувството кога добивате вест за колега или колешка која стана жртва на вирусот.. За Вас можеби само број, но за нас, здравствените работници, дел од сите нас... Кога еден губиме, губиме сите дел од нас..

Знаевме на колкав ризик сме изложени, знаевме колку стрес и колку притисок секојдневно со месеци носиме, но секогаш се надеваме дека ете ќе дојде крајот.. И покрај сите нови болни, и покрај оскудната опрема, и покрај сите протоколи, и покрај дипломата и задолжението, секој од нас го носи она чувство да се помогне на пациентот.. Да се соочиш секој ден директно во костец со опасниот вирус, и да го поминеш денот помагајќи на другите на кои им е потребна помош, да слушаш притоа мака и лелек од нив и да те доживуваат како наблизок, во недостиг на нивните најблиски, така оставени сами без присуство на фамилијата, и потоа насмеани и со сиот тој стрес преживеан да внимавате безбедно да се вратите дома кај најблиските со веќе всадена дистанца и страв да не ги заразите најмилите, да живеете и да работите така со месеци, и притоа да слушате разни квазитеории дека сето тоа со вирусот е измишљотина???

Болка... Боли кога заминува дел од нас.. Како дел од сите нас..

И што ако собираме така кломпи од починатите колеги од вирусов, како симболика на нашиот вложен труд и емпатија, покрај тоа што ни е работа, да го ставаме нашиот живот на коцка, за да спасиме туѓ...Ќе почувствувате ли???

Дали имате доблест сега да признаете сите колку треба да бидете истрајни во повиците кои ги упатуваме, дека не станува збор само за Вашиот живот, туку дека директно влијаете на одземање и на друг живот, и тоа на личноста која сакајќи да ви помогне може да почине ??? .

Да знаете само колку сме исцрпени.. Да знаете само колку се сите веќе преморени и истоштени и упорно работат покрај сета болка и тага која ја гледаат..

Да знаете само дека ниту еден здравствен работник веќе не е ист..Никогаш нема да бидеме истите личности..

Сите ние го живееме на нашите работни места тој хорор, кој вие го слушате, но ако сакате да го слушнете.. И тоа го живееме минимум со четири пати повеќе зголемен ризик..

И сега изгубивме душа... Почина наша сестра.. Наша жртва, а за да помогне на другите..

Сега уште едно семејство останува без член, останува и болничкото семејство без член, останува и сестринството без член, остануваат пациентите без нивниот болничко фамилијарен член.. Сите изгубивме..

Имавме многу заразен персонал, и ќе имаме .. Секојдневно и покрај опремата и покрај протоколите, едноставно е висок ризикот да се заразиме, а со тоа и да станеме бројка во податоците на починати, само една точка во некои статистики..

А зад нас, нашите семејства, блиски, пријатели... Точка во статистиката, бидејќи тоа ни е професија??

И ќе продолжи тој притисок: да помагаме, а да преживееме , ќе продолжи нашата голгота..

Но она што ќе остане како белег е дека ние го чувствуваме ковидот секојдневно директно неколку пати почесто и посилно од сите Вас...И гинеме за да Ви помогнеме, со сите Ваши намерни или ненамерни коментари, мислења, ставови, дејдва... За вас животот сакате да си тече по старо, не гледајќи на сите нас, кои упорно кажуваме не е исто, нема да биде исто..

Каква професија да избереш, да те стави во жртви на пандемија како директен војник у првите редови ..

Професија за почит, кој никој од Вас сега не би ни помислил да биде, на ваков ризик, а ние ја работиме секој ден, секој Божји ден..

Имате ли Вие малку обзир, колку е сега опасно, и свето истовремено, да си медицинска сестра???

Кој има таква храброст сега да дојде со нас у првите редови , м???

Ааа, е затоа, со почит кон секоја.. Почит до небо..

Имајте доблест и почитувајте сѐ што ни препорачуваат, за да не заштитите нас, бидејќи ние зависиме од Вас, а Вие од нас...И повик до релевантните институции, да нѐ чуваат како што заслужуваме, не само на говорници, туку и на работните места.. Уште посилно, уште посигурно...

Бидејќи ние сме тие, нема тука титула и заштита според титула или презиме, тука има Ковид хорор и ние.. А во секој од нас има потенцијален Ковид...

Болка, гнев и тага, за нашата медицинска сестра..

Почивај во мир, мила..

Сочувство до семејството.

Во името на сите колеги кои ставија визир, маски, опрема и работат секојдневно со болните пациенти...

И изгубивме херој од нашето семејство...Дојде и тој ден... Болка, гнев и тага.. Тоа е чувството кога добивате вест за...

Posted by Viki Kotevska on Saturday, September 26, 2020

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8881 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.