Почетна » Новости » Актуелно » Загрижувачко: „Диета“ со јајца и вино популарна меѓу тинејџерките, д-р Беќаровски предупредува за опасностите од неа

Загрижувачко: „Диета“ со јајца и вино популарна меѓу тинејџерките, д-р Беќаровски предупредува за опасностите од неа

Доктор Нико Беќаровски предупредува за хит-диета кај тинејџерките која може да биде опасна по нивното здравје.

Во објава на Facebook, тој истакнува дека стара „диета“ со јајца и вино повторно станала популарна помеѓу девојките во Скопје. Беќаровски објаснува дека нејзината примена може да доведе до сериозни пореметувања на црниот дроб.

Бидејќи веќе се регистрирани првите вакви случаи на Клиниките за токсикологија и гастроентерохепатологија, докторот апелира до родителите да обрнат поголемо внимание на исхраната на нивните деца, а на тинејџерките им порачува дека нема брзи „диети“ за здрав изглед.

Диета во вино

Прочитајте ја неговата објава:

„ДИЕТА" СО ВИНО

Една стара „диета" промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува се попопуларна меѓу скопските тинејџерки.

„Диетата" се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.

Повеќенеделното придржување кон оваа „диета" може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА.

Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија!!

Родители најдете малку време да проверите како се „хранат" Вашите деца, пред да биде предоцна.

Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.