Почетна » Новости » Актуелно » За топол дом и љубов за секое дете: Нептун со донација во вредност од 420.000 денари за СОС Детско село

За топол дом и љубов за секое дете: Нептун со донација во вредност од 420.000 денари за СОС Детско село

Да заокружиме една година со заеднички активности кои беа дел од соработката на НЕПТУН Македонија и СОС Детско село. Се дружевме на неформален начин, топ менаџмент се поврза со младите и волонтираше преку молерисување на младинска куќа, се спроведоа обуки за младите во правец на осамостојување, се опремија неколку куќи со бела техника.

Како заокружување на нашата стратешка соработка НЕПТУН Македонија делуваше во правец на мисијата на СОС Детско село: Топол дом и љубов за секое дете и реализираше финансиска донација со вредност од 420.000,00 денари.

Нептун донација

НЕПТУН Македонија ја препоразнава работата на СОС Детско село и несебично во секое делување ќе ја покажуваме нашата подршка со посветеност која е резултат за одржливост. Заедно со СОС Детско село да ги менуваме животите на децата, младинците и семејства во ризик.

Стратешкото партнерство прераснува во соработка која се работи со многу љубов и посветеност, резултира со многу детски насмевки, реализирани млади и дадена втора шанса во животот.

Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА.

Нептун донација

Наша заедничка определба е да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!

ПР објава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.