Почетна » Новости » Актуелно » За сите фанови: Изложба на суперхерои во Скопје Сити Мол

За сите фанови: Изложба на суперхерои во Скопје Сити Мол

Од далечни планети, акциони светови и необични лаборатории пристигнаа суперхероите во Скопје Сити Мол. Дојдете на несекојдневна и уникатна изложба за да имате незаборавно доживување кое Ви го овозможуваме целосно бесплатно и тоа од 4 Јануари до 30 јануари.

Без разлика дали сте страствен обожавател на стрипови за суперхерои или сте ги гледале во филмови, сега имате можност да ги запознаете и да направите супер селфи со Wonder Woman, Superman, Spiderman, Ironman, Thor, Catwomen, Batman, Wasp, Groot и Capitan America.

Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

За комплетно искуство на целото семејство вашите омилени акциони филмови како Spiderman и филмот Matrix се прикажуваат и во киното Синеплекс.

Но, не ги забораваме и најмалите оние кои се најмногу возбудени. За нив Скопје Сити Мол на вториот кат подготви уникатни интерактивни тури – „Биди и ти супер херој”.

Термините започнуваат од 8-ми (сабота) 18 часот, 9ти (недела) 13 часот и 17:30;

Во текот на сите викенди во текот на месец јануари, термините ќе бидат:

  • Петок 19:00 часот
  • Сабота 18:00 часот
  • Недела 13:00 часот и 17:30
Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

Поради протоколи, ќе биде ограничено учество на деца. Затоа не заборавајте 30 мин. пред закажаната тура да се запишете на листата на инфо пултот за Супер Херои (втор кат, пред кино Синеплех).

Посетете го Скопје Сити Мол и направете селфи со вашиот омилен суперхерој!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.