Почетна » Новости » Актуелно » Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“, одликуван со орден за заслуги од претседателот Пендаровски

Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“, одликуван со орден за заслуги од претседателот Пендаровски

Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје, ќе биде одликуван со орден за заслуги од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Живко Мукаетов

Специјалното признание му се доделува на првиот човек на РФМ за континуитетот, иновативноста, визијата и беспрекорните професионални стандарди во современото корпоративно управување во фармацевтската индустрија, за докажаниот квалитет во производството на брендовите кои се градени, одржувани и осовременувани со генерации наназад, за инвестицијата во новите технологии и во едукацијата и експертизата на кадрите кои ги создаваат брендовите, како и за неговата филантропска култура и широка општествена одговорност.

Покрај г-дин Муакетов, орден за заслуги постхумно добија и Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими.

Орденот за заслуги за Македонија е четврто по важност државно одличје и е одличие за заслуги на политичко-социјален, но и културен и други планови. Изработен е од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента и минијатурна лента.

Одлуките за одликување на четирите лица кои дале голем придонес за Македонија се објавени во број 164 од Службен весник, издаден на 19 јули 2021 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.