Почетна » Новости » Актуелно » Бренд со кој растат многу генерации: Бекутан го прослави 45-тиот роденден

Бренд со кој растат многу генерации: Бекутан го прослави 45-тиот роденден

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ го прослави 45-тиот роденден на својот мегапопуларен бренд Бекутан. Брендот, кој се роди во 1978 година, порасна многу генерации и продолжува да биде синоним за константен квалитет и традиција.

Бекутан

На одбележувањето на големиот јубилеј, Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“, изјави:

„Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во една здрава личност, што знаеме дека во денешното општество не е лесно да се постигне. Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па сè до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие.

Моите родители го користеа Бекутан, јас и мојата сестра го користиме Бекутан, денеска јас како родител, заедно со мојата сопруга, го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето Бекутан, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува“.

Бекутан

Годината на 45-тиот јубилеј на Бекутан ќе биде во знакот на партнерство со СОС Детско село. „Алкалоид“ одлучи одреден процент од продажбата на течната линија на Бекутан да биде дониран токму на оваа организација, со цел да се акцентира максимата „Секое дете е наша грижа“.

Силвија Брајовиќ од СОС Детското село нагласи дека Бекутан е водечки бренд за нега и грижа на малите деца и оти тоа веќе 45 години го прави најдобро.

„Токму таа грижа за децата нè спои заедно со СОС Детското село. Бекутан најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили, а СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство. Од голема важност за нас е потрошувачите на Бекутан да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот Бекутан. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од остварување на нашата заедничка мисија – Сите деца се наша грижа“, истакна Брајовиќ.

Бекутан

Бекутан (Becutan) настанал како синергија на два збора: BEBE + CUTIS (lat. површински слој на кожата). Првите поглавја на успешната бизнис приказна вклучуваа само 5 производи за хигиена на детска кожа, а денес брендот може да се пофали со портфолио од над 60 основни типови производи со над 100 различни форми на пакување.

Препознатливиот бренд ужива голема популарност не само во нашата држава и регионот, туку и во меѓународни рамки. Еден од факторите што довербата во брендот постојано расте е тоа што производите се клинички и дерматолошки тестирани и се развиени во соработка со педијатри и дерматолози.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11221 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.