Почетна » Новости » Актуелно » „Жени, живот, слобода“: Жени низ светот си ги сечат косите во знак на поддршка на протестите во Иран по смртта на Махса Амини

„Жени, живот, слобода“: Жени низ светот си ги сечат косите во знак на поддршка на протестите во Иран по смртта на Махса Амини

Иран го тресат протести, водени пред сè од непоколебливите жени кои ги горат хиџабите, си ги сечат косите и им се спротивставуваат на законите и бруталната полиција, борејќи се против обесправеноста и мизогинијата во нивната татковина. Покрај нив, храбро стојат и голем број мажи, кои ги поддржуваат во борбата за женските права и слободата.

Махса Амини Махса Амини

Тензиите меѓу иранската власт и демонстрантите настанаа по смртта на 22-годишната Махса Амини, за која се верува дека била претепана од полицијата, а потоа им подлегнала на повредите.

Махса Амини

Амини била уапсена во Техеран од полицијата за морал поради неправилно носење на хиџаб и непочитување на строгиот код на облекување на Исламската Република. Таа била одведена во „центар за превоспитување“ за да ѝ се одржат лекции за скромност. Три дена подоцна, на 16 септември, убавата девојка починала во болница.

Властите тврдеа дека Махса починала од срцев удар, но семејството изјави дека таа немала никакви здравствени проблеми и дека била убиена. Очевидец сведочеше дека ја виде полицијата како ја тепа Амини, а анонимно медицинско лице изјави дека причина за смртта била повреда на главата.

Протестите започнаа на денот на нејзиниот погреб. На почетокот само во Техеран, за подоцна да се прошират низ целата држава, па и низ целиот свет.

Махса Амини Махса Амини

Водечката парола која се пишува на социјалните мрежи и извикува по улиците е:

„Жени, Живот, Слобода!“

Махса Амини

Неколку дена по смртта на Амини, животот го загуби и 20-годишната тиктокерка Хадис Наџафи која беше застрелана со шест куршуми од полицијата затоа што беше дел од протестите и се бореше за правото да се облекува онака како што таа сака. Оттогаш се убиени повеќе од 100 демонстранти, меѓу кои и 16-годишната Ника Шакарами која била пронајдена во мртовечница на безбедносните сили 10 дена по исчезнувањето.

Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини

Откако започна бунтот, илјадници жени низ целиот свет си ги исекоа косите, снимајќи го моментот за да ги охрабрат и поддржат протестантите во Иран.

За многу Иранки, косата е знак на убавина и законска обврска е да се покрива со хиџаб во Исламската Република. „Сечењето на косата е една од најзначајните форми на протест. Во историјата на Иран, кога жените немале доволно моќ да се спротивстават, тие си ги сечеле косите. Тоа секогаш било симбол на бунтовност и на започнување борба“ – објаснува иранска новинарка за значењето на скратувањето на косата.

„Сакаме да им покажеме дека не ни е гајле за нивните стандарди, за нивната дефиниција за убавината или како тие мислат дека треба да изгледаме. Ова е за да покажеме дека сме гневни. Во нашата литература, сечењето на косата е симбол на тажење и понекогаш симбол на протестирање. Ако можеме да си ја сечеме косата за да покажеме дека сме гневни... ќе го направиме тоа“ – рекла Фаезе Афшан, Иранка која живее во Италија.

Пред неколку дена беше објавено видео на кое актерките Жулиет Бинош и Марион Котијар заедно со многу други Французинки си ги сечат косите, како што пишува во описот „За слобода“.

„За храбрите жени и мажи од Иран кои го менуваат светот во овој момент, борејќи се за слобода. Стоиме покрај вас“ – напиша Котијар.

„Во знак на солидарност за правото на слобода за иранските мажи и жени“ – напиша Бинош.

Шведската европратеничка Абир Ал-Сахани, која е родена во Иран, во Европскиот парламент во Стразбур си ја исече косата, велејќи: „Сè додека жените во Иран не се слободни, ние ќе стоиме покрај вас“.

Голем број артисти преку нивната уметност ги поддржаа борците за слобода во Иран.

Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини Махса Амини
Махса Амини

Протестите во Иран во изминатите недели ја срушија децениската бариера на стравот и земаат сè поголем замав од ден во ден. Многу од демонстрантите повикуваат на крај на Исламската Република.

@sepdani So heartbreaking #mahsaamini #mahsaamini #justiceformahsa #humanrights #iraniantiktok #iraniangirl #farsitiktok #نه_به_حجاب_اجباري #مهسا_امینی ♬ Ali Zandevakili - ﮼نالی
@sepdani We are in this together please be our voice #mahsaamini #justiceformahsaamini #iraniantiktok #humanrights #مهسا_امینی #مهساامینی #نه_به_حجاب_اجباري ♬ Garsha Rezaei - ✨Sepideh✨

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.